Насловна / Архитектура / Куќа која лебди над вода

Куќа која лебди над вода

1-kuka-sto-lebdi-nad-voda

Архитектот и дизајнер Dymitr Malcew е автор на проектот за куќа која лебди над водната површина и лесно може да биде транспортирана на нова локација. Куќата има минимални влијанија врз околината и овозможува непосредно уживање во амбиентот во кој е поставена.

2-kuka-sto-lebdi-nad-voda

Стаклените ѕидови овозможуваат вузуелна поврзаност со локацијата во која таа се наоѓа во тој момент, а сите простории имаат директен излез на терасата со што потполно се испреплетуваат ентериерот со екстериерот.

3-kuka-sto-lebdi-nad-voda

Кога на станарите ќе им здодее еден поглед од куќата, лесно може да се премести и да се добие целосно нов поглед од куќата кон околината.

4-kuka-sto-lebdi-nad-voda

Основата на куќата ја сочинува лебдечка платформа со чија помош оваа куќа може лесно и нежно да се помести од една на друга локација, додека конструктивниот систем од дрво и челик овозможува цврстина и стабилност на куќата при лоши временски услови.

5-kuka-sto-lebdi-nad-voda

Куќата се состои од две спални соби, две бањи, дневна соба, кујна и тераса. Авторот вели дека оваа куќа е наменета за сите оние што уживаат во слободата и природата, но истовремено го ценат и луксузот.

Испрати коментар

Scroll To Top