Оваа екстензија e наменета за млад брачен пар, a се наoѓа веднаш до главната куќа. Проектот е на mA-style Architects и се работи за типична еднокатна куќа од 200 m2, што е вообичаена големина за рурланите предели. Таквата куќа е голема и има многу соби, и главно се состои од големи простории каде луѓето се собираат и ги примаат гостите. Младиот пар барале да им бидат обзбедени простори каде ќе можат да почувствуваат комфор, тишина и леснотија. Едноставната екстензија им овозможува на сопствениците да живеат тотално независно со тоа што може да се изгуби односот и поврзувањето со семејството. Затоа, со користење на функции кои се сместени само во главната куќа, екстензијата е дизајнирана со минимум простор за дневен престој, така што се стреми кон одржување на блиско растојание и задржување на плодни односи.