Градбата издлабена во песочни дини е дизајнирана од Студио Вурал и се наоѓа во популарниот залив Кејп Код, Масачусетс. Селим Вурал, основачот на оваа практика во Бруклин, е добро запознаен со локацијата за која станува збор, затоа што токму тука доаѓа секоја година на летување со семејството, што му помогна да ги дефинира условите за локацијата.
После долгогодишно проучување на локалната клима, пејзаж и архитектура, Вурал доби понуда од њујоршки инвеститор кој сакаше да гради дом за одмор за да ужива со семејството и пријателите.
Вурал го дизајнирал објектот како двокатна, самостојна структура, врежана во песочни дини и таквиот пристап го карактеризирал како „архитектура на одземање“.
“Со оглед на тоа што куќата од морето се гледа само како еден круг со прорез, таа се спојува беспрекорно со природата. Силуетата на крајбрежјето останува непроменета, куќата е нурната, а не наметната“, рече Вурал.
Зградата се состои од два дела одделени едни од други, но исто така поврзани со централен премин. Додека приземјето на куќата е правоаголно, катовите имаат заедничка октагонална форма. Во овој случај, имаме уште еден излез од конвенционалните стандарди, така што спалните соби и дневната соба се на приземјето, додека кујната и трпезаријата се горе.
Ѕидовите на куќата се наменети да бидат изработени од бетон, а големи транспарентни делови ќе бидат направени од тројно изолирано стакло, кое ќе биде поставено во метални рамки. Прозорците се дизајнирани да бидат отпорни на невреме, кои се вообичаена локална појава.
Значителна површина од куќата ќе биде покриена со домашни растенија, што ќе помогне да се неутрализираат емисиите на јаглерод. Гранит-керамика е предвидена за поплочување на патеките, кои верно ја имитираат текстурата на дрвото.
Бетонските sидови во внатрешноста ќе бидат обоени бели, додека подовите ќе бидат полиран бетон. Дрвото од бамбус е наменето да се користи за изработка на мебел и дополнителни облоги на панели.
Куќата во песочни дини е силно фокусирана на одржливоста, така што објектот ќе ја добие потребната енергија преку соларни панели и мини турбини на ветер. Покрај овие системи, постои систем за собирање и складирање на дождовница, која би се користела како вода за пиење, додека мијалниците и тушевите ќе примаат подземна филтрирана вода, што е во изобилство во оваа област.
Благодарение на геотермалните извори, планирано е загревањето и ладењето на куќата, а „екобетонскиот базен“ кој се наоѓа под куќата би помогнал во контролата на температурата.
Вурал претпоставува дека изградбата на куќата треба да започне оваа есен, откако ќе бидат исполнети сите неопходни „крајбрежни регулативи“.