Португалското студио Spaceworkers проектираа куќа чија појава ѝ пркоси на гравитацијата со тоа што лебди над земјата. Сместена во Paredes, Португалија, куќата се состои од мегалитни блокови кои стојат на врвот на транспарентен волумен со стаклени панели. Подигнатата партија на објектот ги содржи сервисните функции и приватните простории, додека отвореното ниво има повеќе јавни програми, овозможувајќи директна конекција со околината.
Изложувањето на материјалите како дрво и црн камен на основата и бетонскиот блок на горните катови, помага за понатамошно чувство на контраст кој постои помеѓу објектот и неговата форма.