Куќата Савиоз е приватна резиденција лоцирана во Ајент, Швајцарија. Изградена како штала во 1882 год. во средината на полето, била искористена за домување во текот на сезоната на пасиштата. Во 1980 година, додавањето на подот и трансформирањето на покривот значително го модифицира нејзиниот изглед и распределбата на просториите.
Новата интервенција изработена во 2013 год. од Savioz Fabrizzi Architecte ни ја открива историјата на овој објект со покажување на сите употребени материјали во фасадата во текот на изминатите години. Оригиналните камења, тулите додадени во осумдесеттите години и современите бетонски измени се видливи и уште повеќе потенцирани со темната боја, што ги прави текстурите на материјалите да изгледаат како целина.
Далеку од мазниот изглед на некои бунгалови за одмор, третманот на фасадата потсетува на функционалниот аспект на античките штали, повеќе рудиментирана отколку естетска.
На една таква локација обиколена со полиња и шуми, дневната соба се отвора кон шумата. Четири кутии покриени со темно дрво ги нагласуваат аглите на просторот. Тие се одвоени со големи прозорци од подот до таванот, кои можат целосно да се отворат и да го прошират просторот кон надвор.
Сивите нијанси на внатрешните материјали ги зајакнуваат рамките и контрастот со пејзажот. Каминот на дрва заедно со соларните ќелии гарантираат греење.