Архитектонското студио R&Sie е автор на проектот за куќата “Lost in Paris” за едно семејство во Париз, кое не можело да се одлучи помеѓу зелен покрив и вертикална градина. Затоа проектот ги обединува и двата концепти. Куќата е опкружена со 300 стаклени садови во кои се собира дождовница, која се користи за полевање на зеленилото од над 1.200 папрати, по системот капка по капка.
Билките се интегрален дел на објектот, но немаат допирни точки со ѕидовите и покривот, туку растат од стаклените садови. Оваа обвивка од билки ја штити куќата од надворешните влијанија, а на корисниците им пружа значителен степен на приватност.