Куќите што се во непречен допир со природата секогаш претставуваат одлични зданија кои, како што се чини, го прават животот да биде поубав. Особено оние објекти кои се наоѓаат покрај водните површини, влијаат на човековата психо-физичка состојба. Водните површини влијаат смирувачки на човекот, па така кога куќата е со поглед на голема водна површина таа поседува и дополнителни квалитети.
Оваа куќа се наоѓа во областа Брегенц, поточно во местото Ам Бранд, во Австрија, и е дело на семејното архитектонско студио „Марте.Мерте Архитекти“ од Австија.
Групата на средновековни објекти, главно изградени во првата половина од 20 век, се наоѓа над црквата „Срце Исусово“ на падината на планината Пфендер во Брегенц. Големината на оваа куќа не се разликува од големината на останатите куќи во ова место, куќата е компактна, а до неа се пристапува преку бетонски пристап во вид на мост.
Фасадите од сите четири страни се целосно застклени и транспарентни, а по целиод обод на куќата се наддаваат тераси во вид на конзола, кои имаме чувство дека лебдат.
Поради стрмниот терен на парцелата, две од четирите нивоа на куќата се вкопани во брдото. Главниот влез во куќата за корисниците, без разлика дали тие доаѓаат со велосипед или автомобил, е преку влезот кој е малку под нивото на улицата, што значи дека куќата е без ограда. Ако корисниците доаѓаат пешачки до куќата, тогаш се искачуваат по скалилата од северната страна.
Освен вообичаените содржини на една куќа, како дневен престој со сите пропратни содржини како и спални соби, оваа куќа има и соба за стари лица која се наоѓа на најдолното ниво, истовремено доколку оваа соба не се користи за својата примарна намена, може да се употребува како домашен фитнес, вклучувајќи го и погледот кон езерото додека вежбате или седите во сауната.