Харизматична куќа на само 30 метри од езерото Минетонка во Минесотa, САД.
Едноставна, паметна и чиста архитектура и внатрешен дизајн со модерен изглед. Изгледот од далеку е сензационален, но во природа сè е едноставно. Комбинацијата на дрво и камен на фасадната архитектоника доловува амбиент на добредојде кое продолжува во ентериерот на куќата. Тоа особено се нагласува со специфичното кровно решение кое ја штити главната тераса- местото за собирање и дружење со природата.
Фокусот на ентериерното решение е во формирање на отворен заеднички простор во кој влегуваат дневниот престој, трпезаријата и кујната, со можност за одвојување со стаклени лизгачки врати од под до плафон. Куќата е со три спални соби и работна просторија. Изборот на ентериерните детали и мебелот е во потполна хармонија со архитектонскотo решение и со отвореноста на куќата кон околината, особено кон езерото.
Нема ни потреба за премногу опис. Фотографиите кажуваат сè. Совршено место за релаксација…