Проектот за овој станбен објект во мексиканскиот град Запопан, го презентира предизвикот кај мексиканските архитекти да креираат објект во резиденцијални заедници каде во најголем случај се наметнати арбитрарни, традиционални и естетски рестрикции во однос на целокупниот израз и конструкција.
Примарните интереси во дефинирањето на проектот се поттикнати од обезбедување на максимална приватност и просторна ефикасност при организацијата на функционалните содржини. Структуралната фасадна обвивка е обликувана на начин да овозможи оптимална визуелна приватност од уличниот фронт, истовремено располагајќи со доволна порозност која го допушта природното осветлување кон внатрешноста на објектот.
Првиот впечаток за објектот прикажува едноставна, јасна геометриска композиција, која е всушност оплеменета со вешт уметнички дух и детали, особено потенцирани во дизајнот на дел од составните елементи на целината. Како најистакнати „учесници“ помеѓу строгото конципирање на ентериерот се појавуваат бетонот, дрвото и каменот.