Куќата се наоѓа во центарот на градот Miyazaki, во јужниот дел на Јапонија. Улицата пред куќата е многу бучна и фреквентна, а на јужната страна е опкружена со високи станбени згради. Земајќи ги предвид овие фактори, се дошло до една брилијантна идеја да се хармонизира планот со околностите, така што целиот домашен простор се затвора со една бела плоча. Со овој потег, куќата успева да се заштити и да се оддели од целиот тој надворешен хаос, додека сончевата светлина пробива во дворот што го прави внатрешниот простор светол и топол.