Насловна / Архитектура / Куќа околу панорамскиот поглед на Кејптаун

Куќа околу панорамскиот поглед на Кејптаун

Светлечка кутија како фенер и обратен пирамидален кров, привлекуваат светлина внатре во куќата Kloof 119 A, драматично сместена со поглед на Table Mountain и Кејптаун.

4

Вкопана во кос терен, куќата, проект на бирото SAOTA со седиште во Кејптаун за режисерот Greg Truen, претставува збир на простори распоредени да ја максимизираат визуелната врска со околината.

„Архитектурата е обликувана да зафаќа што е можно повеќе околина“, велат од архитектонското биро за Dezeen.

2

Куќата се среќава со улицата со камен ѕид, откривајќи малку од нејзините внатрешни простори. Помеѓу овој ѕид и куќата е сместен влезот, поврзан со мал двор кој создава „воздржан и тивок“ простор пред драматичните погледи на станбените области.

10

„Куќата претставува камен ѕид на прометната улица на која се наоѓа, откривајќи многу малку за својата внатрешност“, велат ЅАОТА. „Ноќе, обратниот пирамидален кров сјае, што придонесува на интригата“.

3

Просторите се распоредени на три нивоа. На најгорниот кат, опкружен со стакло и на врвот со кос дрвен кров, се наоѓаат дневна соба, кујна и трпезарија, со панорамски погледи на градот кои се протегаат по целата должина на возвишувањето.

1

Под ова ниво сместени се работните и спалните простори на семејството, во бетонска завршна обработка и на најниското ниво се гаражата, теретаната, киното и гостинската соба.

19

Секое ниво има свој градинарски простори, кои се протегаат од планината надолу кон куќата. На вториот кат, кон градот се простира тераса, со дрвена под и бесконечен базен.

16

Изборот на материјали станува се полесен како што куќата се зголемува, приземјето и првиот кат се завршени со потежок бетон и камен во контраст со таванот од светло дрво на вториот кат и големо застаклување.

15

Однадвор, нивоата се третирани како „куп“ од простори, кои ја разбиваат масата на куќата и им овозможуваат на градинарските простори да дојдат до израз.

13 14 6 17 20 21

Испрати коментар

Scroll To Top