Научниците од University of Tartu и Estonian University of Life Sciences создале градежен материјал кој се состои првенствено од тресет и пепел од нафтени шкрилци, и кој може да ги намали трошоците за изградба на приватните куќи за речиси десет пати. Целта била да се создаде самоносечки градежен материјал базиран на локалните природни ресурси и локалниот отпад кој би можел да се користи за 3D печатење на куќи до два ката и тоа директно на лице место.
Бидејќи тресетот и пепелта од нафтени шкрилци не се многу скапи, научниците пресметале дека трошокот за изградба на конструкцијата на куќа со површина од 100-150 метри квадратни со печатење од овој материјал, би можел да биде околу 5000€. Досега се направени многу истражувања и тестови. Проблемите со технологијата на материјалот се успешно решени, но сеуште е потребно уште многу да се направи за да се дојде до комерцијално 3D печатење.