Насловна / Арт и дизајн / Куќа од плексиглас поставена во Бруклин

Куќа од плексиглас поставена во Бруклин

plexihouse3

Како дел од њујоршкиот фестивал за уметност DUMBO Arts Festival, скулпторот Том Фруин ја постави својата позната инсталација – куќа направена од плексиглас Kolonihavehus, во паркот во близина на Бруклинскиот мост. Иако фестивалот заврши на 28 септември, оваа прекрасна инсталација ќе остане на ова место уште осум месеци. Шарената куќа е осветлена од внатре, со што добива необична разнобојна магија.plexihouse1

Том Фруин е американски скулптор најдобро познат по неговите инсталации и скулптури направени од рециклирани и отфрлените материјали, кои ги поставува ширум светот. Неговата серија на скулптури и архитектонски изданија направени од шарени парчиња плексиглас и челик ги почна токму со куќата Kolonihavehus во 2010 година за првпат поставена во Копенхаген.

plexihouse4 plexihouse2

Испрати коментар

Scroll To Top