Ова засолниште направено од пластични гајби е креација на студенти од трета година на архитектура, како алтернативно решение за оние на кои им е потребно да направат нешто стабилно и лесно за изведба.
Структурата ја држат неколку потпорни столбови, додека конструкцијата на обвивката е направена исклучиво со зип врски помеѓу гајбите. Ова засолниште му овозможува на корисникот природно осветлување и проветрување, а истовремено е доволно цврсто и лесно за одржување.
Секоја гајба може да се користи за складирање но и како стол или маса, при што му дозволува на корисникот да си го приспособи просторот кон сопствените желби и потреби. Ова привремено живеалиште овозможува онолку мебел колку што е потребно, и истовремено секогаш има место каде што корисникот може да си ги складира личните предмети.