Во данскиот остров Фин, на делумно изолирана локација, едно младо шестчлено семејство го добија својот дом во рекордно време. Благодарение на неговата ламинирана конструкција и обложување на челик, Вилата Коруп, дизајнирана од Јан Хенрик Јансен Аркикекер и Маршал Блекер, стана неверојатна декорација за данското село. Оваа соработка помеѓу данско-германско студио и австралиски архитект предизвика нов експеримент за скандинавскиот живот.
Вилата е организирана на само едно ниво, во форма на три краци кои јасно ги дефинираат зоните на објектот. Трикракиот план работи уникатно во внатрешноста, додека во исто време секој сегмент има силна врска со околната природа.
Куќата е поврзана со сончевата падина свртена кон реката кон југ, главниот патен правец на запад, додека на исток се соочува со зеленчукова градина.
Внатре, едното крило од куќата им е доделено на родители, а другото на децата, додека третото крило на улицата е за паркирање на возилото.
На местото на состанокот на трите крила, во срцето на куќата, постои заеднички простор каде се собира целото семејство.
Вила Коруп е една од првите приватни домови во Данска која е изградена целосно од ламинирано дрво, пишува Домусвеб.
После внимателниот процес на дизајнирање и производство на ламинираните елементи, куќата беше подигната на бетонски темели за само три дена.
Фасадата на куќата е обложена со сирови челични панели кои одговараат на времето и ја менуваат нивната боја со текот на времето, а изгледот на зградата дополнително ќе се модифицира.