Насловна / Архитектура / Куќа од бетон која сигурно ќе го издржи тестот на времето

Куќа од бетон која сигурно ќе го издржи тестот на времето

Донекаде чудната и необична куќа во предградието на Мелбурн никого не остава рамнодушен. Првенствено затоа што тоа е таканаречен прогресивен пристап кон архитектурата преку флуидниот облик на закривена бетонска фасада чии врежани отвори не само што обезбедуваат соларна заштита, туку и го врамуваат целиот предел. Бетон и многу светлина – тоа е она што уште на смиот влез во објектот сигнализира дека станува збор за исклучително уникатно засолниште.

beton

Всушност, токму оваа експериментална употреба на бетон создала уникатна форма преку соработката на архитектот, инженерот и градителот. Предните и задните градини на овој простор за живеење се спојуваат во континуирано простран двор, додека внатрешните простори течат, создавајќи флуидно и дарежливо чувство на леснотија во себе. Овој дом навистина наликува на елегантна пештера која има за задача да ги заштити и чува своите домаќини.

beton1

Дизајнот на оваа куќа всушност им овозможува на домаќините да се состанат и да комуницираат во удобниот централен дел од приземјето, а исто така обезбедува и бројни пријатни области за одмор и релаксација.

beton2

 

За време на долгите периоди на карантини поради пандемијата, важноста на неверојатното осветлување стана особено ценето, а мудриот начин на употреба на просторот и разноврсната природа на распоредот на просториите во голема мера придонесе за негово максимално искористување.

beton3

Одржливоста е интегрирана и максимално поедноставена за да се исполни буџетот, па со сигурност може да се каже дека овој дом претставува совршена рамнотежа меѓу желбите и можностите. Во исто време, тоа е бескомпромисна и стабилна семејна куќа која сигурно ќе го издржи тестот на времето.

beton4

Испрати коментар

Scroll To Top