Насловна / Арт и дизајн / Куќа од 18 век е музеј на фондацијата Сантијаго Карбонел

Куќа од 18 век е музеј на фондацијата Сантијаго Карбонел

Компанијата Miguel Concha Arquitectura неодамна го реализираа проектот за реконструкција на старата зграда на мексиканската резиденција во музеј на фондацијата Сантијаго Карбонел, со што стана дом на уникатни дела изложени како дел од познатата сликарска кариера на Карбонел.

muzej1

Постојаната изложба ја содржи приватната колекција на уметникот, која со текот на времето е внимателно сочувана и одржувана, а која сега е изложена во внатрешноста на топли тонови и интимна атмосфера.

Преку проектот, архитектите ги споиле робусните историски архитектонски елементи со полесни структури и во исто време успеале да ги истакнат просторните квалитети на постоечката конструкција на куќата, која датира од 1760 година, пишува DesignBoom.

muzej

По повеќе од една деценија планирање, архитектот Мигел Конча Лојола успеа успешно да ја врати првобитната структура на куќата со мали измени со цел да ја оптимизира за работата на музејот.

Поранешните спални и дневни соби сега се трансформирани во изложбени сали во кои се изложени дела од Сантијаго Карбонел.

muzej2

Главната галерија е организирана околу челични елементи кои носат нов и полесен покрив, кој го зачувува интегритетот на првобитната зграда.

Поплочениот двор во непосредна близина на објектот, карактеристичен за куќите од тој период, поврзува и дава природна светлина на сите простори.

muzej3

Архитектот успеал во структурата да вклучи и сервисен простор, продавница и тераса од кои посетителите можат да го набљудуваат околниот пејзаж.

Преку овој проект, уметноста, архитектурата и историјата комуницираат беспрекорно, комбинирајќи се во безвременска атмосфера која ја слави културната динамика на мексиканскиот град Керетаро.

muzej4

muzej5

Испрати коментар

Scroll To Top