На јадранскиот острово Вис изграден е објект кој практинчно е невидлив во топографијата на теренот.
Проектирана е од архитект Давор Матековиќ од бирото Проарх на локација од 70.138м2. Куќата е со површина од 485 м2 и е наречена Issa Megaron.
За овој објект карактеристична е петтата фасада, односно, непроменетата топографија благодарение на кровот кој ги прати изохипсите и се претопува со пејсажот. Исто така, одсеченоста од светот и инфраструктурата предизвикало објектот да стане самоодржлив. Пасивното ладење и вентилација, искористување на дождовницата како и соларните панели овозможуваат непречен живот и работа на куќата. Комплетното непостоење на инфраструктура и недостапноста на локацијата наметнуваат самоодржливоста да биде примарна.
„ Issa Megaron настанува како испитување на контекстот на границите на локацијата, на парцела која на прва се чита како табула раса„ се наведува во соопштението на бирото Проарх и понатаму се додава „согледувањето на есенцијата на овој простор не е буквална катастарска граница, туку духот морал да се бара и да се најде во некоја поширока, не само географска, туку и културолошка зона“. Така во предвид е земен вкупниот далматински архипелаг како дел од медитеранскиот екосистем.
Еден нечепнат биотоп со јасно традиционално градителско наследство наметнал биоклиматски ориентирано проектирање со нагласок на почитувањето на архитектонското наследство.
Самоодржлива пештера
„Куќата е конципирана по системот на Сократовиот мегарон, реинтерпретирајќи суво граден камен ѕид создавајќи нова, рурална manmade топографија“, наведуваат архитектите.
„Станбените простори формирани се како вештачка пештера, како сеќавање на скривница, примитивен заклон. Новонастанатата структура истовремено е ненаметлива во намерата, материјалите и во конечниот изглед“, велат архитектите.
Сократов мегарон
Камениот, автохтон ѕид реинтерпретиран е низ армирано бетонските зидови со што е нагласена современоста, тие стануваат единствени елементи на фасадата, освен стаклените површини во длабочината. Каменот е поставен само како детал, спорадично, како сеќавање на традицијата. Потезите на камениот ѕид формираат функционални зони, не само во служба на затворениот простор туку и отворените тераси, платоа, аграрните површини.
Петта фасада
„Петтата фасада е карактеристичен амбиент на Вис, затекнат биотоп, каде куќта станува невидлива во топографијата која всушност не ја менуваме, таа останува иста, а интервенцијата во природата многу малку се приметува“ се заклучува во соопштението на бирото Проарх.