Нискоенергетските куќи и куќите „Net Zero“ не се новост, иако секој пример во практика е индивидуален и претставува вистинско мало техничко и уметничко дело. Архитектите од компанијата „Estudio José Luis Rodríguez Gil“ ја направиле куќата што денес ви ја презентираме, и ја нарекле „Куќа на биоклиматска експериментална урбанизација“.
Куќата се наоѓа на Канарските Острови и има вкупна површина од 120 квадратни метри. Покривот на куќата е прекриен со соларни панели, додека куќата е дополнително зацврстена против силни ветрови и сонце со камени ѕидови.
Во текот на изградбата на оваа куќа, користени се локални материјали – дрво, изолација и камен. Со ова е намалено влијанието врз животната средина бидејќи е избегнат скапиот транспорт, што воедно е и загадувач.
Куќата произведува точно толку енергија колку што троши. За производство на енергија задолжени се фотволтаиците на покривот и ветрогенераторите поставени во близина на куќата.
Интересен е податокот дека оваа куќа е изградена уште во 1995 година.