Јоно Вилијамс, графички дизајнер и инженер од Нов Зеланд, дизајнира и изгради куќа „Небесна топка“ (The Skysphere). Куќата е со футуристички изглед, со висина од десет метри и 25 метри квадратни корисен станбен простор. Вилијамс истакнува дека тоа не е обична куќа на дрво.
Неговата идеја била објектот да го носи челичен столб, кој би можел да се постави буквало насекаде – меѓу дрвја, на височинка или дури на сред океан.
Можностите се бесконечни. Куќата има прозорец кој пружа поглед од 360 степени. Прозорецот е висок два метри и има 14 метри во периметар.
Кулата има панели за соларна енергија и поголемиот број електрични апарати ќе се контролираат преку паметни телефони.