Објектот е ситуиран на брдовит терен во атрактивна, туристичка зона во Јокохама, карактеритична по западниот архитектонски стил на крајот на 19. и почетокот на 20. век.
Не сакајќи оваа нова структура да се рефлектира врз веќе постоечкиот стил на опкружувањето, архитектите од студиото no.555 создале дизајн кој истовремено го почитува, но и предизвикува потенцијалот на непосредната изградена и природна околина.
Бетонските ѕидови на објектот се изведени на самото место и се одликуваат со различни пигменти на дрвени панели, организирани во поширок патерн, со цел да се создаде импресијата на предимензионирана ѕидана површина.
Секоја елевација е перфорирана со големи четириаголни прозорски отвори, откривајќи ги зелените градини кои се појавуваат на секое од трите нивоа.
На погорните нивоа, овие зелени површини овозможуваат непречени пејзажни визури кон градот, додека пак на приземјето еден од отворите има намена на гаражен простор.
Основниот пристап за жителите на објектот е овозможен преку приземјето, како и првиот кат преку метално скалиште кое се искачува кон една од зелените градини.