Насловна / Архитектура / Куќа на земјата и каменот

Куќа на земјата и каменот

Архитектонското студио Мотлио во 2021 година ја има проектирано куќата на земјата и каменот.

21

Според првичната идеја на клиентот, куќата е замислена да се користи за организирање забави и собири на поширокото семејство, како и за викенд одмори со цел поврзување едни со други. Според првичната замисла, воопшто не требало да има спални соби, само неколку простори за живеење, кои ќе се отвораат еден кон друг и ќе водат кон надвор. Исто така, замислен бил само еден простор на првиот кат, со лизгачки преклопни врати, кои потенцијално би можеле да обезбедат одредена приватност кога е потребно.

18

Пристапот бил да се создаде релативно мала куќа, но со големи полупокриени површини. Со тек на времето, идејата за куќата била разработена, па истата вклучила простор за складирање на земјоделските производи, а исто така и штала за крави.

17

Зградата е позиционирана кон северниот и долниот крај на полето Бенгалуру во Иднија. Идејата била да се користат едноставни, традиционални техники за градба со цел да се обезбеди удобно живеење.

13

Природните падини и дренажните модели на локацијата се задржани, а вишокот дождовница се насочува од отворениот резервоар во бунарот во близина. Ѕидовите, изградени од ископаната земја, имаат наклонет профил и се обработени во природен малтер од кал.

09

Покривот е направен со црвен кедар и рачно изработени плочки. Сивиот оксид од кој е изработен подот, скалилата од цврсто дрво и месинг оградата ја комплетираат палетата на природни материјали.

06

04

02copy

01

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top