Насловна / Архитектура / Куќа на залезот од MacKay-Lyons Sweetapple Architects

Куќа на залезот од MacKay-Lyons Sweetapple Architects

Куќа на залезот (3)
Дизајниран како викенд куќа од страна на канадското студио MacKay-Lyons Sweetapple Architects, објектот е ситуиран во непосредна близина на рибарско село, на ливада која се граничи со карпестиот брег во Нова Шкотска.
Куќа на залезот (1)
На само неколку чекори од океанот, овозможува бегство од метрополскиот живот нудејќи мирна, релаксирачка атмосфера надополнета со извонредните врамени визури.
Куќа на залезот (7)
Куќа на залезот (9)
Како одговор на барањата на клиентите, да се создаде интимен „храм“ од кој би можеле да се уживаат визурите кон водното пространство, архитектите го дизајнирале објектот како инструмент за набљудување на пејзажот, отворајќи ги страните кон Атланскиот Океан и фокусирајќи го отворот кон залезот на Сонцето.
Куќа на залезот (4)
Куќа на залезот (6)
Објектот е подигнат на гранитни блокови во однос на земјиштето, со цел сите поголеми бранови да можат да поминат под него, додека пак драматичноста при обликувањето ја зголемуваат перфорациите низ издолжената метална структура, креирани како точки на доживување на природниот пејзаж и залезот на сонцето.
Куќа на залезот (8)
Куќа на залезот (2)

Испрати коментар

Scroll To Top