Насловна / Архитектура / Куќа на Водно – архитектура во целата своја суштина

Куќа на Водно – архитектура во целата своја суштина

Сржта на архитектурата се темели врз еден битен егзистенцијален елемент кој го одржува човека низ неговите еволутивни периоди. Одговорноста. Без тој суштински концепт на меѓусебни релации, архитектонската уметност би останала заглавена некаде помеѓу техничкото и естетското.DSC_0368

Токму така вистинската архитектура се става на тест. Одговорот на проектната задача создава еден вид метода која со хируршка прецизност врши анамнеза и во исто време ги распознава социолошките процеси кои го образуваат основното архитектонско ткиво.DSC_0390

Социјалната машина, но исто така и топографската ергономија беа круцијални фактори при создавањето на проектот Куќа на Водно. Текот на мисловниот процес, кој започна пред единаесет години, беше многу јасен: одговорно кон соседите, одговорно кон топографијата, одговорно кон инвеститорот. Овој мисловен процес бескомпромисно имаше предиспозиција да создаде архитектура, во целата своја суштина. Тоа е проектот Куќа на Водно од архитектите Сергеј Никољски, Иван Мирковски и Симона Серафимовска Ѓуреска.DSC_0373

Но од друга страна, пак, времетраењето на проектната задача (2004 – 2015) носеше во себе низа опасности: девалвација на сработениот труд, морални компромиси, откажување на самиот проект од страна на инвеститорот, но од сè најкритично беше зачувувањето на современиот израз.

Но, тоа и се чита во проектот: дрвената „кожа“ на најгорниот волумен, како главен носител на комуникацијата со надворешноста, со време почна да го губи современиот манир. Нејзината транслуцентност пак, односно ефектот на завеса, кој на еден начин ѝ дозволува на внатрешноста да комуницира со својата околина, а од друга страна претставува елемент на дискреција, е оној суптилен носител на модерноста.DSC_0365

Приказната зад целиот проект, од својот зачеток до неговата реализација, е многу комплексна, ниту налик на онаа на која ние архитектите сме веќе навикнати. Целата енергија зад овој епски (во временски контекст) проект, можеби најмногу се должи на самиот инвеститор, кој во целина архитектурата ја прифати бескомпромисно и во ист манир ја сочува до чинот на нејзиното создавање. Архитектурата започна како што самиот текст на почеток нè наведува, од самата топографија и одговорното однесување кон соседите и инвеститорот.DSC_0424

Падот на локацијата, кој изнесува 15 метри од највисоката точка, ни дозволи комплексната програма да ја внесеме во еден дел во самиот терен и со тоа голем дел од куќата да ја здржиме во павилјонски карактер. Куќата ја следи инклинацијата на теренот со голем сензибилитет; вертикалните комуникации се скулптурален елемент кој топографски, како издлабени во самата земја, течат и го почитуваат она што мајката природа го создала.

Скалилата, во една рамна линија нè водат од најниската точка на куќата, гаражата која со своите седум апсиди географски лежи во центарот на парцелата, па сè до најинтимниот дел, највисоката хоризонтала, која плови врз остатокот од објектот и ја затвора целината.DSC_0426

Елементарната состојка во архитектониката на овој простор е самата функција. Со целата своја монументалност, во својата утроба срамежливо сокрива три куќи со три различни карактери поделени во три генерации. На самиот почеток традиционалната куќа, куќата на постарите родители, чувари на фамилијата – првата генерација. Поставена на чело, на самиот влез, позиција која оддава почит кон првата генерација, со квадратна основа која е ориентирана на двете страни: интимниот двор и двата влеза.DSC_0478

Како потсетник и истакнување на почитта врз постарите, но и простор кој има увид во сè она што се случува кај помладите. Во средина се наоѓа куќата на третата генерација, детската куќа, заштитнички поставена помеѓу првата и втората генерација. Детската куќа носи во себе сè она што е потребно: но пред сè, своја интима и свој личен, егзистенционален простор. Овие две куќи се сплотени во еден заеднички павилјонски волумен кој со својот рамен кров формираат зелен прооден коридор.DSC_0471 DSC_0474

На самиот влез во парцелата, нашите сетила се исполнети со великодушни скали, извајани од самата геометрија на волуменот на павилјонот врз кој имаат тенденција да нè однесат; како да сакаат да ја дополнат топографијата и да ја зачуваат интимноста на куќата. Тоа е и главниот влез на куќата на втората генерација, cat-walk патека врз која посетителот парадира: тој е составен дел од самата архитектура, ја дополнува и исполнува.DSC_0434 DSC_0449 DSC_0448

Влезот во куќата на втората генерација се наоѓа на првиот кат, вкрстен помеѓу минималистичкиот павилјон под себе и интимната монолитна дрвена завеса над себе. Стаклениот меѓупростор, кој во суштина го образува првиот кат, е бафаерот, check point елементот пред пристапот кон последната зона, која го образува вториот кат.DSC_0498 DSC_0506

Транспарентноста на првиот кат, со својата обвивка од стакло, однадвор образува рефлективен слој кој ја поврзува природата и целото зеленило; таа е екстровертниот медиум кој како да поминува низ волуменот на куќата, физички ја одвојува интимната, највисока хоризонтала и оддава состојба на левитација.DSC_0393prizemje

Приземје

presek1

Пресек

kat1

Први кат

Пишува: Иван Мирковски, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top