Насловна / Архитектура / Куќа на вода направена од ласерски перфорирани панели

Куќа на вода направена од ласерски перфорирани панели

Архитектонското студио Matt Fajkus Architecture од Остин дизајнираше мала, но истовремено и многу интересна куќа, чијашто перфорирана метална фасада, покрај тоа што придонесува за естетиката, овозможува и баланс на светлина и сенка во текот на целата година. Filtered Frame Dock е двоспратен објект за чамци, но и за релаксација на корисниците, а изграден е во непосредна близина на станбена куќа, пишува Dezeen.

paneli

Имено, куќите за бродови се многу популарни во Остин, бидејќи жителите на ова место сакаат да уживаат на отворено покрај вода, поголемиот дел од годината. Бидејќи клиентите имале брод, проектната задача била да се направи куќа каде што може да се закотви, но и место каде што може да се ужива покрај водата.

paneli1

Покрај перфорираната фасада, куќата на вода се карактеризира и со челичен покрив изработен од два триаголни панели, кои ја штитат горната дрвена палуба од сончева светлина. Оваа палуба е обложена со стаклени огради и има лежалки за дружење и релаксација.

paneli2

Објектот е именуван како Filtered Frame Dock по перфорираните панели што се поставени на северната и јужната страна и се дизајнирани така што објектот како и чамците добиваат еднаква количина светлина и сенка во текот на целата година.

paneli3

“Структурата е калибрирана за да обезбеди пријатна рамнотежа на сонце, сенка, засолниште и пропуштање на ветер во текот на целата година. Како што се менуваат годишните времиња, пристаништето дава повеќе сенка за време на летните горештини и овозможува повеќе сонце во постудените зимски месеци“, велат од Matt Fajkus Architecture.

paneli4

Ласерски сечените перфорации на панелите се исто така условени од околниот пејзаж, така што посетителите на објектот можат да уживаат во погледот на водата од палубата.

paneli5

Освен челичните панели, во изградбата на објектот користени се и дрво за палубата, како и природен камен со цел куќата подобро да се вклопи во околината.

paneli6

Испрати коментар

Scroll To Top