Casa das Artes (Куќата на уметностите) е проект на FAT- Future Architecture Thinking, се наоѓа во Miranda do Corvo, Португалија. Главната цел на проектот што е сместен во пејзаж е поврзување на два идентитета, рурален и урбан.
Зградата има современ и волуменозен експресивен јазик. Косиот кров воспоставува дијалог помеѓу геометријата на планинскиот пејзаж во аналогија со селските покриви. Динамиката е постигната преку фасадата и покривот, акцентирани со јака црвена боја, нагласувајќи го својот дизајн така што зградата се издвојува од околната вегетација.
Повеќе од објект, Casa das Artes претендира да биде обележје и да содржи во себе места каде што луѓето ќе се сретнуваат, каде ќе се случуваат уметноста и културата, простор кој е способен да промовира и стимулира креативни активности, подигнувајќи го квалитетот на живот меѓу населението.
Проектот е предвиден да создава разновидни простори, технички соодветни за различни типови на настани кои ќе ги задоволат сите потреби на жителите.
Зградата се состои од три волумени кои имаат различна употреба: првиот содржи сценски простории, вториот е наменет за посетителите и фоајето, и во третиот се наоѓаат кафетеријата и музејот, кој стои како самостоен волумен.