Насловна / Архитектура / Куќа на спортот во Македонска Каменица

Куќа на спортот во Македонска Каменица

Во светот, сè повеќе зема замав изградбата на современи спортски капацитети кои, секако, се во функција на најпопуларните спортови на денешницата. Фудбалот, неминовно, како најважна споредна работа во светот, иницира изградба на најсовремени стадиони со придружни содржини кои ги следат модерните трендови на технологијата и градењето.

Во Македонија можеби поскромно, но сепак се градат ваков тип на објекти, кои се непосредно покрај спортските игралишта/терени и кои ги задоволуваат потребите на спортските капацитети.kuka-na-sportot-1

Македонска Каменица e мал град во источниот дел на Македонија, кој се наоѓа во подножјето на Осоговските планини и претставува рударски град. Токму општина Македонска Каменица во својата програма ја постави потребата за изградба на еден мултифункционален објект кој ќе ги задоволи потребите на фудбалскиот клуб „Саса“.

Локацијата на новопредвидениот објект e во зоната наменета за спорт и рекреација, во рамките на фудбалскиот стадион и градскиот базен.img_7900

Добра просторна поставеност на објектот со акцент кон визурите, асиметрични прозорци, комбинација на материјали, јасни, чисти геометриски линии, функционална фасада, оригиналност во интерпретацијата на материјалите, разиграност, се дел од карактеристиките што го опишуваат овој објект. Конфигурацијата на теренот, исто така, ни помогна во добивањето на различни волумени спакувани во една целина. Моќта во интерпретацијата со материјалите како што се стакло, бетон, панел, употребени во различни волумени, овозможи добивање на квалитетен финален производ.Model

Концепција

Објектот УПРАВНА ЗГРАДА СО СОБЛЕКУВАЛНИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН и за потребите на ФК „Саса“ e проектиран на три нивоа со различна програмска застапеност. Во сутеренот се сместени две соблекувални за играчите, со санитарии и тушеви. На ова ниво, има и просторија за реквизити, просторија за судии и техничка просторија.

Главниот влез на објектот е на приземје до кое се доаѓа преку скали ориентирани кон пристапната пешачка патека. На приземјето е предвидена сала за фитнес, пилатес  и пинг понг, со сопствени соблекувални, санитарии и тушеви. На катот е сместен административниот дел. Проектирани се две канцеларии за потребите на клубот, просторија за делегати, сала за состаноци со тераса со поглед кон фудбалскиот терен, канцеларија за раководството и санитарии. Комуникацијата по вертикала се одвива преку скалишно јадро кое е поставено во централниот модул.Model

Во однос на надворешното обликување на објектот, јасно се читаат неговите јавни, сервисни и административни содржини. Самиот објект комуницира со надворешноста, односно самите прозорски отвори/екрани се насочени кон фудбалскиот стадион и пристапната улица. Фасадното расчленување по вертикала успешно е постигнато со примена на современи алуминиумски панели, а на еден дел и со термо фасада.img_7886

Нагласената влезна триаголна настрешница на објектот ги следи еркерните исфрлања на првиот кат и воедно претставува поврзување на објектот со неправилната парцела на објектот. Материјализацијата на објектот, од друга страна, му дава една современа нишка на целиот спортско-рекреативен комплекс.kuka-na-sportot-3 kuka-na-sportot-4 kuka-na-sportot-2

На крајот, да истакнеме дека овој објект е мултифункционален и има за цел да ги задоволи потребите на ФК „Саса“, но истовремено да понуди и содржини кои ќе бидат достапни и користени од рекреативци.

Тим проектанти

СТУДИО АТРИУМ ДОО – ШТИП

 

Испрати коментар

Scroll To Top