Насловна / Архитектура / Куќа на Санторини – „монолит создаден од човекот“

Куќа на Санторини – „монолит создаден од човекот“

Локалното биро Kapsimalis Architects го потпишува проектот за Monolithus, куќа за одмор на грчкиот острв Санторини, која е проектирана како распоред на геометриски форми обложени со цемент во земјана боја.

33_resize

Сместена во близина на живописното село Финикиа, проектот на домот се темели на концепт на големо парче вулканска карпа која е еродирана со векови како би се отвориле простори. Ова резултирало со „монолит создаден од човекот“, бетонски блок со димензии 20 на 20 метри, пресечен со аголен распоред на дворови и тераси засенчени со високи ѕидови кои ја делат куќата.

31_resize

„Се чини дека вештачкиот масивен камен е тука од секогаш, како парче од вулканска ерупција, обликуван од елементи на природата, највеќе од морето и ветерот. Природната ерозија разоткрива формации на полна маса и празнини, а постепениот процес на отстранување на каменот создава затворени и отворени простори за живеење “, велат проектантите.

3_resize

14_resize

Сместени на квадратна основа, две гостински соби со чајни кујни покрај примарната резиденција формираат V-облик што се отвора кон север, при што секој простор се поврзува со приватни дворови кои завршуваат во мали, индивидуални базени.

15_resize

23_resize

Челичните столбови ги носат перфорираните метални настрешници кои прават сенка на местата за седење покрај овие базени. Главната дневна соба и трпезарија на запад обвиткани се со поголема тераса што се спојува со предниот дел од куќата, каде што се скалите кои водат во подземна дневна соба.

13_resize

Погоре, закривена, „еродирана“ форма содржи дополнителна спална соба со засводен кров, која е поврзана со подигната тераса што гледа на околниот пејзаж.

19_resize

4_resize

Внатре, просторите се проектирани да се добие чувство како во засолниште во пештера, со бели, аголни ѕидови кои исто така се проектирани да изгледаат како простори издлабени од монолитна карпа.

17_resize

Парчиња рачно изработен мебел од бетон, црн камен, мермер, дрво, железо, кадифе, глина и стакло поставени се во внатрешните и надворешните простори.

18_resize

„Во текот на летниот период и под заслепувачкото сонце, гостите ги користат малите базени за да се оладат на периметарот на монолитот, опкружен со диви шилести медитерански растенија“, велат архитектите.

16_resize

22_resize

21_resize

27_resize

26_resize

34_resize

5_resize

12_resize

6_resize

7_resize

9_resize

20_resize

24_resize

25_resize

28_resize

29_resize

30_resize

Испрати коментар

Scroll To Top