Холандското архитектонско биро Studioninedots го дизајнирале домот Kavel1 на остров во близина на Амстердам, Холандија. Локацијата на куќата посебна. Тоа е нов и зелен изграден остров, кој се наоѓа во северниот дел на Холандија и градот Амстердам. Островот е исполнет со ексклузивни вили и тениски клуб.
Kavel 1 е куќа која зазема вонредна локација. Оваа парцела на земјиште во форма на дијамант е на врвот на островот, опкружен со вода и со спектакуларен поглед на паркот.
„Почнавме со апстрактна бетонска кострукција, која го следи обликот на плацот. Поради својот облик, објектот е различен од сите страни. Понекогаш тесен и остар. Понекогаш голем и широк“, велат авторите на проектот.
Спектакуларната бетонска кострукција овозможува создавање на основа со максимална транспарентност, без никакви столбови. Оваа транспарентност ја зголемува интеракцијата со природата и односот помеѓу внатрешноста и надворешноста. На јужната страна стаклената фасада се свиткува навнатре, создавајќи интимна и наткривена тераса.
Контрастот помеѓу бетонската фасада и свитканото стакло ги одразува промените во природата.