Насловна / Архитектура / Куќа на карпа на островот Крк

Куќа на карпа на островот Крк

Проектот Bedrock House својата сила и идентитет ги црпи од енергијата на местото и специфичната програма, абсорбирајќи го природниот контекст.

12
Во местото Брзац на островот Крк во Хрватска, изградена е куќа чии автори се Идис Турато и Марко Лиовиќ.Тие за Buro24/7, објаснуваат дека медитеранската околина, топографијата на теренот како и погледот на морето биле генератори на специфичната архитектура.
Куќата е создадена на простор во непосредна близина на дабова шума, медитеранска градина со кактуси, агави и лаванда, како и базен со голема водена површина и палми.

4
Bedrock House користи двa полни ѕида за да се оддели од позадината, но исто така и да се спои со топографијата на теренот. Куќата се протега од исток кон запад, криејќи се и се затворајќи се кон север, а во потполност отворајќи се и откривајќи на југ.

DCIM102MEDIADJI_0802.JPG

Куќата нема класична хиерархија, нема прозорци, фасади, соби и простории, се состои од два ѕида, два изместени покрива и два ентериера. Изведена е со едноставна и за секого препознатлива технологија за градба, бетон, челик и стакло.

1

7

6

Програмите и активностите на куќата се „поддржани” од генерички бел мебел: фотелји на Mies Van der Rohe,столици на Charles и Ray Eames. Честерфилд гарнитури, очекувани елементи во контекст на бараната модерност, како неутрална рамка за неочекуван потенцијал, гест и настан.
Куќата е реализирана вон трендовите, структурата е универзална, изградена е од генерички елементи на модерната архитектура кои се прилагодуваат на контекстот на локацијата.

12
Куќата ја избегнува дефиницијата да има боја, истовремено е бела, транспарентна, обложена со травертин, поставена во трева и медитерански растенија, врежана во карпа, прецизно поставена на затекнатиот превој на пространата парцела.

11
Bedrock House куќата е создадена и изградена на деривација на бројни цртежи на хрватскиот сликар Отон Глиха, конфликтот на теренот и ѕидот инспириран од проектот, надворешната скулптура Shift на американскиот уметник Richard Serra, мотивите на англискиот, најскапиот жив сликар David Hockney и принципите на американскиот архитект и професор Pierr Koenig.

13

15

OPG STIPAN OPG STIPAN OPG STIPAN

Испрати коментар

Scroll To Top