Насловна / Архитектура / Куќа на југот на Португалија

Куќа на југот на Португалија

Куќата проект на португалското биро Vitor Vilhena Architects се наоѓа на југот на Португалија, во област која е еден вид транзиција помеѓу морето и копното. Сместена е во селото Alcalar, на неколку километри од Portimão, каде пред 5000 години била населена значајна праисториска заедница.

14

Врз основа на важноста на локацијата и нејзиниот однос со историјата, архитектите одлучиле дека сликата на куќата треба да ги бара органските односи кои се однесуваат на споменикот што се појавува во историјата на областа.

11

Сликата на куќата ја сочинуваат неколку кривини кои се разделени што е предизвикано од околината. Топографијата е благо наклонета, а околината се карактеризира со традиционален стил на семејни куќи од 80-тите години.

9

Локацијата се граничи со улица, која го дефинира влезот на куќата. Проектот се развива на еден кат (над нивото на улицата) со намера да се минимизира визуелното влијание на гледачот од улицата, а го зема предвид и подоброто искористување на сончевата ориентација и најдобрите погледи.

5

Топографијата на теренот поттикнува создавање на долно ниво свртено кон југ. Следејќи ја оваа ориентација, создадени се гарнитура за седење на теренот вметнати во пејзажот. Овој простор е покриен со цел да се заштити и контролира сончевата ориентација на фасадата. Јужната височина има корист од силната врска помеѓу ентериерот и екстериерот, предизвикувајќи ситуации на пропустливост, односно врска со теренот, вегетацијата и погледите.

21 15

Куќата се состои од две нивоа, приземјето на ниво на влезот, опфаќа четири спални соби, дневна соба, трпезарија, кујна и сервисни простори надополнети со паркинг.

18 2

Долното ниво се развива како резултат на природниот пад на теренот и интегрира станбена површина, директно поврзана со базенот. Ова ниво има надворешен покриен простор каде е сместен базенот, создавајќи многу интересни односи помеѓу ентериерот и екстериерот.

16

4 8

23

24 19

7 6

20

3  1 13

17 22

10

Испрати коментар

Scroll To Top