Куќата за одмор Pine Tree, со површина 400 квадратни метри, изведена во 2022. година во Свети Бартол во Лабин на Истра е проект на младото проктантско биро MOLOZERO од Пула.
Зачувани фрагменти од затечената градба
При првото излегување на терен со инвеститорот и првите согледувања и размислувања, одлучено е да се задржи дел од првобитната импресија на затекнатата изградба на самиот терен.
„Затечената градба ја обележуваа фрагменти од постоечкиот ѕид на старата куќа и бор“, објаснуваат архитектите.
Така, едниот дел од руинираниот ѕид е рекреиран и интегриран во самиот објект, додека другиот, дислоциран од куќата, на работ на парцелата, исто така е обновен.
Самиот пристап кон објектот се карактеризира со неочекувана визура на куќата која отстапува од очекуваната „вила“, и наметнува постепено откривање на објектот преку различни погледи и доживувања како на самиот објект, така и на поширокото околно подрачје.
„Објектот се наоѓа на врвот на падината на ридот, а посебно внимание е посветено на обработка на околината и самата падина (со скриена ограда), со цел да се овозможи непречен поглед на поширокиот простор и зелените падини“, вели основачот на архитектонското биро MOLOZERO.
Од левата страна има тераса со базен, а зад куќата импресивен бор и мал маслиник. Покрај кортен челик на фасадата, куќата е на еден дел е обложена со камен, кој поголем дел повторно е искористен по ископувањето на теренот.
Директен контакт на ентериерот и екстериерот
Проектот за ентериерот е воден од желбата на сопственичката да биде топол и минималистички, со природни материјали како дабово дрво и „голи“ бетонски тавани во комбинација со црна боја.
„Стаклените ѕидови овозможуваат директен контакт помеѓу ентериерот и екстериерот, каде што, со оглед на различните амбиенти покрај куќата, и погледите на подалечните репери во просторот и пејзажот – поглед на бор, поглед на шума, поглед на стариот град Лабин и поглед на долината – овозможуваат откривање на пејзажот во кој се сместува куќата“, наведуваат проектантите и додаваат: „Затоа, интересен е големиот фиксен квадратен прозорец на скалите што се отвораат кон шумичката од западната страна“.
Покрај стаклените ѕидови кон споменатиот амбиент покрај борот, тука е и повлечениот стаклен ѕид на првиот кат како детал на ентериерот и екстериерот, кој ја кадрира силуетата на стариот град Лабин.
На крајот, тука се и големи стаклени ѕидови на приземјето, низ кои објектот се отвора кон поширокиот пејзаж, објаснуваат архитектите.
Влезниот холдник води до простор со отворена основа која ги обединува кујната, трпезаријата и дневната соба. Од дневната соба се излегува на покриена тераса со базен.
Во продолжение на дневниот боравок е велнес центар кој вклучува вкопано џакузи, турска и финска сауна, додека од левата страна е проектирана модерна коноба која исто така има излаз на терасата со базен, а и до помалата тераса позади куќата каде што е борот по кој објектот го добил името.
На првиот кат се сместени четири спални соби со сопствени бањи, именувани по видовите на иглолисни дрвја.
„Интересен детал во ентериерот се конзолените еднокраки скали со споменатиот голем отвор кон шумичката, ограничени со два силни челични носечки столбови, кои освен својата статичка функција придонесуваат за атмосферата и декорацијата на ентериерот“, изјавија архитектите од Пула.