Скулптурални бетонски ѕидови и низа завршни обработки го дефинираат овој дом во крајбрежниот град Алибаг, Индија, проектиран од локалното биро Samira Rathod Design Atelier.
Наречена „Куќа на бетонски експерименти“, домот има фрагментирана форма што овозможило ниту едно од дрвјата манго што се затекнале на локацијата да не се одстранат за време на изградбата.
Куќата се карактеризира со бетонски ѕидови, опишани од Samira Rathod Design Atelier како „скулптурални елементи“.
Излеани од отпадот добиен од градилиштето, овие ѕидови со дебелина од 45 до 100 сантиметри имаат контрастни пигментации и текстурални завршни обработки.
„Отпадот вклучува ситни остатоци од камен, скршени тули и повремено големи парчиња камен, што се вградени во ѕидовите речиси како реликвија“, велат архитектите за Dezeen.
„Различните експерименти со бетонот на секој ѕид му даваат специфична текстура, вклучувајќи лиен бетон и бетон од воден млаз“
„Куќата на бетонски експерименти“ е организирана околу голем простор со висок плафон во нејзиниот центар кој содржи дневна соба, трпезарија, бар и работна соба.
Овде, бетонскиот под, обложен со црн камен, е во контраст со мазниот бетонски плафон со геометриски кровни прозорци и груби ѕидови кои врамуваат простори за седење и ниши за скулптури.
На западната страна, овој централен простор се отвора кон надворешна патека што води надолу по скали на засенчена тераса со базен.
Слично на другите влезови во куќата, патеката е засенчена со голема закосена бетонска конзола.
На исток од централниот простор се протегаат две мали форми. Во едната се сместени главната спална соба и бањата, а во другата соба и остава.
Самостоен двокатен блок во кој се наоѓа анекс за гости со две спални соби, поставен е на северната страна од локацијата, до кој се пристапува по асфалтирана патека од главниот дом.
Во ентериерот, темен дрвен мебел и темните рамки за вратите ги омекнуваат бетонските завршни обработки. Местата за складирање се сокриени внатре во делови од дебелите ѕидови.
Дебелите ѕидови, исто така, се користат за да ја помогнат вентилацијата, со мали канали сместени во нив што разнесуваат ладен воздух низ домот.
„Деталите вградени во архитектурата и ентериерот создаваат постојани интриги што го прават инаку огромниот простор многу интимен и удобен за живеење“, напоменуваат од Samira Rathod Design Atelier.
„Куќата е таква што не е лесна за фотографирање. Нејзините простори треба да се сретнат и доживеат“, додаваат од архитектите.