Примарниот предизвик за архитектите при конципирање на идејата за проектот е дефиниран од барањето на клиентот да се создаде комбинација од резиденцијален објект и канцелариски простории во една целина, истовремено постигнувајќи ја приватноста во просторот за живеење, а овозможувајќи собите за терапија да бидат визуелно достапни за јавноста.
Затоа, објектот е сегрегиран на два меѓусебно поврзани волумени, долен волумен, ситуиран долж уличниот фронт, кој ги обезбедува просториите за работа и горен волумен, кој ги снабдува просториите за живеење.
И двата волумени се искомбинирани со заедничка површина која истовремено има намена на кровна тераса, како градина за приватна употреба и како кровна покривка за канцелариските простории. Екстензијата на оваа површина се протега се до западната фасада на објектот, додека во севернот дел на комплексот преминува во заштитна покривка на паркинг просторот.
Целокупниот концепт ја обезбедува независноста на работниот и резиденцијалниот простор во еден интегративен објект, со креирање на голема градина која ги врамува отворените визури кон пејзажното опкружување, сепак зачувувајќи ги приватните делови од љубопитните минувачи.