Сместена во густата шума во областа Santa Rosalía, Guatemala, куќата Corallo со нејзината појавa е целосно интегрирана во постоечкиот шумски пејзаж, така што ги поврзува природата со архитектонската интервенција. Процесот на дизајнирање од страна на Paz Arquitectura започнал со цел да се задржат постоечките дрвја кои би се интегрирале во просоторот за живеење. Основата е ослободена од столбови и се менува по катови адаптирајќи се според топографијата. Двете фасади се речиси целосно застаклени за да се поврзе ентериерот со екстериерот. Главниот конструктивен елемент е изложениот бетон, кој ја покажува рустичната текстура и дрвената оплата, создавајќи дијалог помеѓу формалните елементи и текстурата на шумата.