Насловна / Архитектура / Куќа Maracanã од бразилското архитектонско студио Terra e Tuma

Куќа Maracanã од бразилското архитектонско студио Terra e Tuma

Maracana House (12)
Проектирана за архитектот и директор на бразилското студио Terra e Tuma, Daniel Terra, вилата Maracanã претставува сегмент од низа изградени станбени објекти во градското предградие, каде нивото на приземјето се наоѓа еден кат под улицата.
Maracana House (7)
Maracana House (2)
Дефинираната геометрија на цврста структура со специфично конструктивно решение, чисти стаклени површини и живописна пластика на влезот го презентира присуството на ново случување во идиличното опкружување на станбената населба, во Сао Паоло, Бразил.
Maracana House (3)
Во релација со традиционалната станбена структура, нескладната геометрија на објектот изненадува со својата појава во однос на територијалната поставеност, создавајќи елемент на јавно случување, восприемлив од уличниот фронт.
Maracana House (8)
Постепената елевација на волуменот формира траса која ги соединува ентериерот и екстериерот во соодветна и континуирана форма. Објектот како архитектонска композиција открива нови можности за ограничувањата на самата парцела, чија комплексност го потенцира ритамот на хоризонталните и вертикалните правци, кои несомнено водат до ново просторно доживување.
Maracana House (13)
Maracana House (11)
Maracana House (10)
Maracana House (9)
Maracana House (1)

Испрати коментар

Scroll To Top