Во едно интимно опкружување, во предградие на Leira во Португалија, сместена е куќа која инспирира и воодушевува со своето проектно решение.
Нејзиниот ентериер може лесно да се доживее и од екстериерот, од аспект на тоа што куќата има подземен етаж кој може да се гледа на уникатен начин.
Всушност, се работи за централен кат, кој има еден вид атриум во функција на извор на светлина. Инаку, целата надворешност на куќата е опкружена со бели бетонски ѕидови кои продолжуваат и на покривот, додека во ентериерот доминира белина во комбинација со дрво, што на ентериерот му дава одреден вид на топлина.
Дозата на минимализмот е присутна и во саканиот дефицит на парчињата мебел, а на целиот спектакл придонесуваат и стаклените ѕидови. Проектот е потпишан од страна на архитектот Manuel Aires Matues.