Поранешниот градежник Валдевино Мигуел да Силва од Бразил, направил куќа која стои на покрив, додека темелите се на врвот.
Наопаку се свртени и прозорците и вратите. Куќата се наоѓа во Сао Матеус и е вистинска атракција.
Вистинскиот влез е назад, а во неа кој не живее. Направена е за забава, а пред неа туристите може да се фотографираат. Внатрешноста е потполно нормална, а собите се уредени традиционално.
Во приземјето се наоѓаат кујната, трпезаријата и бањата, додека на катот има две соби.
„Многу долго работев во градежната индустрија и кога се пензионирав сакав да направам нешто возбудливо и поинакво. Си поставив себеси предизвик да бидам атрактивен и направив куќа поставена наопаку“, вели Да Силва кој сега има 65 години.
Неговата сопруга на почетокот мислела дека се шегува и му велела да не го прави тоа.
„Звучеше како луда идеја и мислев дека нема добро да изгледа, но немаше смисла да се расправам со него. Кога нешто ќе зацрта, мора да е по негово“, вели Марија Елизабет да Силва.
Одлучила да му помогне и на проектот работеле три години. Куќата има 400 метри квадратни, а Да Силва ја изнајмува.
„Кој и да живее во неа, ќе стане славен“, вели сопственикот.