Нема сомнение дека секој од нас како дете сакал да има куќа од дрво во задниот дел на својот двор.
Кога се споменува куќа од дрво, првото нешто што ни паѓа на ум е дрвена конструкција удобно поставена меѓу гранките на едно дрво. И што ако е можно да имате куќа од дрво што се прицврстува на велосипед, а со тоа станува мобилна? Комбинацијата од две крајности – дрвена куќа и подвижност, ви носи преносна куќа што може да се постави на дрво по желба.
Уникатната креација на оваа куќа наречена Tree Trailer е дело на студент по дизајн на Ајндховенската академија, по име Хенри К.Вејн. Куќата, како никој друг, ви дава можност да застанете, да се одморите и да спиете убаво за време на крстарењето по патиштата. Специјално дизајнирана да биде прицврстена за велосипед или мотор, оваа куќа е вашето идеално решение за ноќевање во дивината.
Потребно е едноставно да ја закачите на подебела гранка од дрво и да го користите трупот на дрвото како потпора. Поставена на дрво во оваа форма, му дава сосема ново значење на кампувањето, претворајќи го во вертикално искуство. Пред сè, оваа куќа е единствена по тоа што е направена од рециклирани материјали, претежно дрвени и метални греди.
Ако сте некој кој не сака целосно затворени простори, добро е да знаете дека оваа мала куќа од дрво има отвори на страна, како и стаклен прозорец на врвот, што го прави целото искуство помалку клаустрофобично. Внатре, има доволно простор за нормален ритуал на спиење кај возрасните. Покрај тоа, големиот плус на оваа иновација е оној во однос на отсуството на сите суштества што ползат по тревата и сакаат да влегуваат во шатори.