Познато е дека уредувањато на домовите честопати ги одразува нивните сопственици. Работи што ги сакаме во животот се нешта што ги сакаме и во нашиот ентериер, а денес избравме да претставиме проект кој става акцент на овој момент. Тоа е куќа наречена MV House” со потпис на студиото Guilherme Torres, која се наоѓа во бразилскиот град Сао Паоло.
Иако првично била користена како резиденција прилагодена на потребите на семејство со деца, новиот сопственик одлучил да ја однесе целата приказна во друга насока. Имено, објектот кој надминува 850 квадратни метри бил купен од DJ и музички продуцент, кој сакал да се фокусира на комбинацијата на луксуз и карактеристичната атмосфера на рокенролот. Реновирањето траело речиси две години, но конечниот резултат уверува дека имало смисла долгото реновирање.
Во ентериерот може да се најдат мноштво дрвени елементи кои обезбедуваат топлина на целиот простор, како и современ дизајнерски мебел што уште повеќе го облагородува овој простор.