Во поново време, во ентериерите сè повеќе се користи видливиот бетон како материјал со кој финално се обработуваат површините и сето тоа дава еден модерен, шик и стилски акцент на ентериерот.
Овој креативен простор потсетува на Ex Machine House.
Овој ентериер има помалку темен и „машки“ стил. Сепак, доволно топлина создава протокот на текстурите, од мек текстил на мебелот до грубите надворешни камени ѕидови. Тоа впрочем е и елемент на борбата на човекот против природата во дизајнот со внатрешната вертикална градина, како природно дрво кое се спротивставува на големата количина на бетон и стакло.