Куќата во близина на Стокхолм, Шведска е дело на архитектонското биро Trigueiros Architects кое проектирало објект кој изгледа како да балансира на карпа.
Куќата е ослонета на потпорни столбови кои овозможуваат од внатрешноста на куќата да се добие впечаток дека таа лебди во воздухот.
Приодот до куќата од задната страна е посуптилно организиран и до куќата се пристапува по не така драматична каскадна патека. На предниот дел на куќата, кој делува како да лебди над карпата, доминира пространа тераса на која се излегува од дневниот боравок. Ѕидовите се потполно транспарентни што овозможуваат прекрасен поглед.
Ентериерот го карактеризира отворена основа и чисти, едноставни линии, пишува The Spaces. Едноставна и удобна внатрешноста е обликувана во комбинација на црни и светли тонови. Белата боја која е мошне присутна, дабовиот паркет и елементите изведени од дрво и даваат на куќата пријатна атмосфера која е во склад со природата, што воедно е и примарната цел на овој дом.
Уште една погодност на куќата е и директниот пристап до плажата.
Во моментов куќата е на продажба, а идниот сопственик ќе може да ужива, доколку е спремен за неа да издвои 950.000 евра.