Земајќи ги предвид топографијата на теренот и барањата на клиентите, архитектонското студио Pauliny Hovorka Architekti се одлучилo за дефинирање на просторен концепт кој „изникнува“ од теренот, во правец од уличниот фронт кон градината. Ваквото обликување се рефлектира и на основната организација на ентериерот каде две еднокраки скалишта ги совладуваат различните елевации помеѓу влезниот простор кон улицата и градината, формирајќи три независни нивоа. Скалишните јадра се јасно изразени на надворешниот динамичен облик на објектот, креирајќи ја неговата атипична форма, набљудувана од уличниот фронт.
Дивизијата на структурата на три нивоа овозможува соодветна разделеност на функционалните содржини, како на пример одвојување на работната соба од дневниот простор како независна, за во одредени околности да се користи и како гостинска соба.