Школата Баухаус со својот стил сигурно многу влијаела на современата архитектура. Под таквото влијание реализирана е и оваа прекрасна модерна вила во Бразилија која ја проектирал архитектот Ney Lima. Освен во стилот на Баухаус, архитектот инспирација нашол и во модерните вили од 60-тите години на минатиот век.
Предната страна на куќата е освежена со силна жолта боја, која е совршено вклопена со оградата во геометриски облици. Влезната врата ја избрале сопствениците и претставува одраз на нивните личности.
Еклектичниот ентериер е комбинација на дизајнерски детали и парчиња кои сопствениците ги пронашле на пазарите за стари предмети и антиквитети.
Super sklopeno!