Проектот за куќата наречена “I.N.G.”, ситуирана во градот Тојота, Јапонија, претставува реновирање на дом, обликуван да обезбеди доволно простор за две семејства.
Сензитивниот пристап при реновирањето на објектот се должи на желбата за задржување на мемориите и чувствата поврзани со поранешната структура, истовремено пичитувајќи го вернакуларниот архитектонски израз на населбата.
Во внатрешноста, дизајнот ја потенцира границата помеѓу двата дневни простори, позиционирајќи централна градина – атриум. Атриумот функционира како „бафер“ зона, обезбедувајќи ја потребната смисла на дистанцираност, каде промената во елевацијата ја прекинува линијата на визури помеѓу двата сегменти на домување. За соединување на целокупниот контекст, влезниот пристап и за двете семејства е обезбеден преку еден заеднички влез.