Архитектите Megumi Matsubara и Hiroi Ariyamaја ја проектирале оваа куќа во шума во близина на Karuizawa. Предвиделе пет дворови за да овозможат визури кон вегетацијата како кон внатре, така и надвор од објектот.
Matsubara се здружил со архитектонското биро Ariyama од Токио за да испроектира куќа за гости и приватна галерија за колекционерот во Nagano Prefecture.
Резиденцијата на еден кат се наоѓа на чистина, опкружена со густа шума и се вгнездува до постоечките дрвја, кои врз стаклениот правоаголен покрив предизвикуваат постојано менување на светлината и сенката.
Пет големи празнини издлабени во покривот овозможуваат дневната светлина за да стигнае до станбените простори, преку застаклени површини кои ги опкружуваат внатрешните дворови.
“Куќата е рамна и квадратна, основата е целосно дефинирана од пет дворови“, велат архитектите.
“Сите соби се проектирани така за да се соочат со дворовите, секоја е различна по карактер и е предвидено да прима светлина во различни периоди од денот”.
Надворешните фасади доминантно се обликувани од бетон со делови од црно стакло кои ја рефлектираат природната околина.
Покривот е армирано-бетонски и е со комплексна геометрија со делови кои ги опкружуваат отворите закосени кон внатре со што светлината се насочува кон дворовите.
Секоја соба во куќата гледа барем на најмалку еден од дворовите, од кои три содржат дрвја и растенија и делува како да се проширува шумата во центарот на куќата.
Големата употреба на стакло произведува рефлексии кои произведуваат калеидоскопски ефект, подобрувјки го и засилувајки го движењето на сончевата светлина и шаренилото на лисјата.
Едноставна и неутрална палета на материјалите кои се применети во ентериерот го нагласува чувството на светлина и отвореност на просторот, а и го фокусираат вниманието на надворешните погледи.