Насловна / Вести / Куќа, галерија и работилница во ист простор

Куќа, галерија и работилница во ист простор

Во медитеранскиот амбиент на шпанскиот град Бадалона, се наоѓа необична куќа наречена Art Gallery House, уредена за уметникот и скулптор Хуан Ногуера. Работилница, уметничка галерија и семеен дом во исто време, оваа куќа е инспиративно решение со автентичен шарм.

3

Еден од предизвиците при проектирањето било интегрирањето на делата на скулпторот, сопственикот на овој просторот, што довело до концептот куќа – уметничка галерија.

4

Уметнички ентериер со оригинален индустриски шарм

Дизајнерката на ентериер Клара Леал наведува дека при обликувањето на просторот идејата била да се внесе индустриска атмосфера во целиот простор, притоа да се зачуваат и обноват оригиналните материјали. Откриени се ѕидови од тули, зачувани се сводови од челични греди и зачувано е автентичното бетонско поплочување.

Влегувајќи во куќата, се доаѓа до голема отворена дневна зона од околу 120 квадратни метри, со таван кој во централниот дел достигнува висина од над шест метри. Еден од предизвиците при проектирањето на овој простор бил да се создаде удобен амбиент, и покрај неговата просторност и висина.

6

Доминантно парче е централната дрвена структура со прилагоден дизајн, која се користи како трпезариска маса, но истовремено и четврти скалилник од скалите што водат до кровот.

Плочата на масата е направен од дрво во шара на рибини коски, кој се одразува и во спалниот дел, со што се одржува визуелниот континуитет на просторот.

Скалите се направени од виткан лим, а црн лим е користен и за мебелот во кујната, гардеробата на влезот и библиотеката. Пар ниши обложени со тиково дрво, и акцентирани со светлина, го прекинуваат овој континуитет на црна боја.

5

Уметничка работилница и галерија во хармонична комбинација со станбените простори

Со голема лизгачка стаклена врата во црна метална рамка, одвоен е посебен апартман. Спалниот дел, гардероберот и просторот за капење сместени се во истата соба, додека тушот и тоалетот гледаат кон дворот, одделени со лизгачко стакло. Централно поставената самостоечка када привлекува внимание, а собата е комплетирана со мебел дизајниран по мерка.

7

Користените материјали ја следат индустриската премиса, вклучувајќи црни метални елементи, тула и рециклирано дрво. Максималната употреба на природната светлина исто така е една од целите на проектот, поради што се направени неколку отвори на таванот, а во задниот дел од куќата е формиран внатрешен двор.

8

Зад дневната соба се открива уметничката работилница на сопственикот, која е задржана како што тој ја конципирал. Блиската поврзаност со останатиот простор за живеење ја прави нераскинлив дел од целата куќа.

9

Како дел од работилницата, има бања со мијалник од нерѓосувачки челик правен по мерка, свртен кон прозорецот. Неговиот одвод е интегриран внатре во ѕидот, а славината излегува од таванот.

10

До детските соби, со заедничка бања, може да се пристапи од дворот. Собите се поврзани, направени се на две нивоа, со галерии каде што се наоѓаат зоните за спиење.

11

Двете соби имаат големи гардеробери, работни површини и зони за дневен боравок со софи. До бањата може да се пристапи од двете спални соби.

13

Терасата на кровот е целосно реновирана, поставен е синтетички под на отворено, многу зеленило, а има и бесконечен базен од нерѓосувачки челик.

Art Gallery House е функционален дом, кој е и инспиративно уметничко дело. Доследен во својот автентичен израз, тој е исклучителен пример за мултифункционален простор наменет за повеќе генерации корисници.

14

Испрати коментар

Scroll To Top