Насловна / Архитектура / Куќа двор во Загреб

Куќа двор во Загреб

Објектот Куќа двор во Загреб, номиниран е за наградата „Драго Галиќ“ – за најуспешно достигнување во областа на станбената архитектура за 2020 година на Здружението на хрватски архитекти (УХА). Проектот е потпишан од МВА Микелиќ Вреш Архитекти.

z1

Куќата за петчлено семејство замислена е како хибрид на приземна куќа со атриум и издолжена архитипска ламела. Интровертната приземна куќа опфаќа простории за живеење, флуидно организирани околу низа сервисни блокови и ориентирани кон сопствен микросвет на јужниот двор со базен. Целото ниво е „завиткано“ со масивен текстуриран ѕид од цигла.

z4

Следејќи го природниот пад на теренот, просторите каскадно се развиваат, од најнискиот – влезниот, до највисокиот – просторот на дневниот боравок. Терасите во дворот ги следат. Бакарната ламела на катот го наткрива влезот и се протега кон исток, факајќи поглед на градот.

z2

z3

Во неа линеарно се нижат модули за спални соби кои ги следи гардеробер долг 20 метри. Детските соби се мини мансарди, содржат галерија за спиење (или играње – во зависност од корисникот) пристапни со цик-цак-скали интегрирани во гардероберот.

z6

z5

Покрај вертикалната комуникација, просторно поврзана со влезот, организиран е повеќенаменски простор за библиотека, работа и престој на децата. Во подрумот, покрај техничките простории, има и простории за фитнес и сауна, ориентирани кон мало патио. Низ патиото и застаклениот ѕид на базенот, сауната нуди поглед на водата во базенот и небото.

z9

z8

z15

z10

z12

z13

z14

 

Испрати коментар

Scroll To Top