Овој современ дом се наоѓа на западниот брег на Јужноафриканската Република, на околу 90 км оддалеченост од Кејптаун. Оваа куќа е изградена во 2013 година и претставува семејна резиденција.
Поставена директно на океанскиот брег, таа е дел од крајбрежна оаза и целосно се вклопува во природниот пејзаж.
Речиси целосната транспарентност кон океанот, на оваа куќа и овозможува целосна кохезија и преплетување на извонредната природа со нејзината внатрешност.
Белата боја во која оваа куќа е материјализирана, само го потврдува нејзиниот назив кој ја третира како бисер на модерната архитектура.