Стимулиран од културното богатство и историските вредности на Póvoa de Varzim, Португалија, проектот за овој резиденцијален објект, изработен од архитектонското студио dIONISO LAB, претставува можност за ревитализација на квалитетите на градот и целосна интеграција во импресивниот израз на бои и материјали кои ја карактеризираат улицата.
… Едноставен концепт, со вертикална и хиерархиска организација каде визуелната пространост и динамична интерконекција помеѓу просториите е достигната преку структуирање на ентериерот на полунивоа, додека пак неизбежноста на континуитетот низ просторот е потенциран преку сино обоениот ѕид кој се протега од првото до последното ниво.
Специфичен сегмент кој го изразува идентитетот на објектот во однос на опкружувањето и ја обезбедува приватноста и интимноста претставува фасадното обликување со чисти, челични панели, перфорирани со симболи, некогаш употребувани како начин за комуникација, како и за обележување на семејните историски наследства, кои со текот на времето, пренесувајќи се низ генерации, еволвирале со нови, најразлични комбинации.